6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Откриена е тајната на најпривлечните луѓе: Сите ги сакаат поради ова!

    Како што поминуваат годините, тие стануваат сè поатрактивни.

    Постојат типови на луѓе кои околу себе шират нота на мистериозна привлечност и шарм кој не избледнува. Без оглед на годините, седата коса и брчките, тие секогаш се оние по кои сите се вртат.

    Магазинот „Тајм“ спровел интересно истражување на тема што е тоа што нè привлекува кон другите, а резултатите покажале дека физичкиот изглед едноставно не е важен.

    Најважната работа која ве прави атрактивни во очите на другите се токму вашите емоции. Можеби ова ви звучи едноставно, но воопшто не е така. Имено, истражувањата покажале дека нè привлекуваат луѓе со чии емоции можеме да се поистоветуваме.

    Ние несвесно привлекуваме луѓе кои имаат слични мисли и ставови како нас, па кога ќе ја најдеме таа заедничка црта, ние се вљубуваме во неа. Физичкиот изглед нема ништо со тоа.

    До овој заклучок дошла германската професорка Силке Андерс која собрала група волонтери. Таа им пуштала видео снимки на кои имало жени кои изразувале страв или тага.

    После овие снимки, волонтерите биле замолени да кажат што виделе. Колку подобро разбирале низ што поминува жената на видеото, толку таа им станувала поблиска. Сфатиле дека со самото тоа ја засакале жената. Никој од волонтерите не го коментирал нејзиниот изглед.

    Експериментот ги мерел и осцилациите во човечкиот мозок за време на гледањето на видео снимката. Делот од мозокот кој изразува емоции, побурно реагирал кога волонтерот препознавал тага или страв кај личноста на екранот.

    Со други зборови, доколку препознаеме исти емоции и ставови во другата личност, постои поголема веројатност дека ќе ја „изгубиме главата“ по таа личност.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.