Познатата данска актерка и поранешна манекенка Бриџит Нилсен (55) по петти пат стана мајка. Ова ѝ е прво дете со нејзиниот сегашен сопруг Матиа Деси.
Бриџит родила девојче кое го крстила Фрида. Таа се породила во приватна болница во Лос Анџелес.
Актерката од 2006 година е во брак со Матиа, а зад себе има четири бракови меѓу кои и со актерот Силвестер Сталоне. Таа има четворица синови.