6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Познато кои делови од протоколите за кафеаните се неприменливи и ќе се променат

    Во интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Пауновски вели дека од вчера инспекторите се на терен и заедно со угостителите ја утврдуваат применливоста на протоколите.

    Според директорот на Пазарниот инспекторат неприменливо е легитимирањето, една маса за едно семејство и отвореноста на терасите од три страни. Делови од протоколите за работа на угостителските објекти ќе мора да бидат изменети поради тоа што не можат практично да се применат, најави денеска директорот на Пазараниот инспекторат Стојко Пауновски.

    Тие делови главно се однесуваат на одредбата за тоа дека на една маса може да седат членови на едно семејство, терасите на угостителските објекти да бидат отворени од три страни и онаа за легитимирање на гостите за да се утврди фамилијарна поврзаност.

    „Оние протоколи кои не се применливи, односно кои на угостителите ќе им биде тешко да ги применат и над кои не можеме да извршиме надзор, можно е да бидат променети. Таков е примерот за ограничувањето на бројот на гости на една маса и проверка на нивната роднинска врска. Исто така, протоколот вели терасите да бидат отворени од три страна. Но објектите се отворени само од една страна, бидејќи тие се поставени едни до други. Значи ќе мора да претрпат измени“, рече Пауновски.

    За легитимирањето на гостите, Пауновски рече дека тоа може само за да се провери дали некој има 18 години, доколку побара алкохол.

    Од Пазарниот инспекторат посочуваат дека сега само ќе се прават проверки и едукација и нема да се казнува. Сите забелешки од терен потоа ќе бидат доставени до Комисијата за заразни болести и Владата.

    „Ако свеста и совеста ни е  на високо ниво, и ако се применуваат основните  мерки за растојание, Пазарниот инспекторат нема да казнува за се и сешто. Имаме предвид дека не работеле над 2,5 месеци и сакаме и тие да ја пребродат кризата“, изјави Пауновски.

    Изминатиот период додека биле на сила мерките за забрана на работата на угоститетските објекти, Пауновски рече дека околу 300 објекти се затворени и дадени се платни налози за плаќање глоба.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.