6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Потресна исповед: Дознав дека сопругата ме изневерува и дека е бремена, но тоа не е најлошото

    Се започна во 2015 кога ја запознав, двајцата ги изневеривме партнерите, раскинавме со нив и почнавме врска. Беше убава жена, сакав да и дадам се. Осум месеци подоцна запловивме во брачни води.

    Ни беше убаво, но имавме разни расправии, помалку пари, помалку друштво. Две години подоцна остана трудна и ден откако ја објавивме среќната вест таа имаше спонтан. Двајцата бевме уништени, двајцата во тоа време работевме па скоро воопшто не се ни каравме.

    Тука престана сета наша комуникација.Не за долго ме изневери и тука пукна нашиот брак. Бев скршен бидејќи бев сигурен дека таа е жената на мојот живот.

    Бевме одвоени два месеци потоа повторно почнавме да се гледаме, да одиме на кафе. Во тие два месеци во кои не се гледавме спиела со пет мажи од нив тројца ми беа добри пријатели.Преминав преку се и повторно започнавме врска.

    Неколку месеци подоцна дозна дека е бремена веќе пет месеци. Од самиот старт ме уверуваше дека детето е мое иако датумот не се поклопуваше. Два месеци пред да се роди детето повторно се венчавме.

    Кога се роди малиот видов разлики кои докажуваат дека не е мое, не сум имал чувства на татковство но ја чував таа мака во мене се додека повторно не почнаа расправиите.Еден ден ми прели чашката и ја вратив кај родителите. Сакав да се оддалечиме на некое време.

    Меѓутоа низ неколку дена дознав некои многу лоши работи. Таа имаше момче на страна, ме лажеше целиот втор брак, иако се сомневав но никогаш за ништо не сум добил директен одговор.

    Ми остави големи долгови на мојот грб, така да во моментов заработувам 75 евра помалку од количината на долгот а слабо го гледам и детето за кое се прашувам  и дали е мое.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.