6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Почина 27-годишна родилка од Македонска Каменица, бебето е спасено

    Родилка од Македонска Каменица рано изутрина починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК.

    Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето.

    Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27 годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје.

    Според светската статистика, тромб емболија е најчесто фатална кај трудници. Телото на починатата е на одбукција на Патологија од каде и официјално ќе ја кажат причината за фаталниот исход. Од Гинекологија велат дека во изминатите две години ова е прв смртен случај на родилка.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.