6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Почнува фестивалот ArtArea 2 во Скопје

    Почнува мултимедијалниот фестивал ArtArea #2 . Од 25 до 27 јануари (петок–недела), во „Кино култура“ ќе биде организиран саем на книгата, два џез-концерта, две изложби (фотографија и илустрации), две проекции на документарни филмови, три книжевни промоции и музичко-поетски перформанс.

    Фестивалот е организиран со поддршка на Град Скопје. Замислен е како зона на концентрирана култура. Програмата опфаќа повеќе настани од различни културни домени во текот на трите фестивалски денови, со што ги пресекува нивниот творечкиот простор и нивната публика. Целосната програма е достапна на сајтот на Бегемот, како и на фејсбук-настанот за фестивалот. Влезот на сите настани е слободен.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.