6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    По Веспрем, и Барселона испадна од Лигата на шампионите!

    Барселона не успеа да ја надополни разликата од три гола од првиот меч и беше елиминирана од Монпелје во осминафиналето на Лигата на шампионите, во уште едно изненадување, откако данскиот Скјерн го елиминираше унгарскиот гигант Веспрем.

    Барселона на крајот победи со 30:28, но ова беше недоволно да се надополни разликата од првиот меч, кој францускиот тим го доби со 28:25. Монпелје во текот на целиот меч не дозволи Каталонците да се одвојат, и беше на поен-два разлика. Во четврт-финалето на ЛШ, Монпелје ќе игра со германскиот Флензбург.

    Ривера, Н’Гесан и Гомез постигнаа по пет гола за Барселона, додека Ричардсон имаше седум голови за гостите, а Симоне имаше пет, вклучувајќи го и одлучувачкиот за намалување на два разлика во финишот на мечот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.