6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Притвор и кривични пријави против неколку лица по кражбата во винарската визба во Гевгелија

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против две лица од Скопје, Н.В – 46 години и М.Р – 49 години, а кривично пријавени се и лицата И.В на возраст од 52 години, С.А 59 години, А.Х на возраст од 25 години, Б.Ѓ. на возраст од 53 години сите од Скопје, и 53-годишниот Б.И од Прилеп поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „помагање“, а во врска со извршување на кривичното дело „тешка кражба“.

    Како што посочија од полицијата на 22 септември минатата година, неколку часа по полноќ 46-годишниот скопјанец Н.В. заедно со 49 -годишниот М.Р. исто така од Скопје извршиле тешка кражба во простории на винарска визба во Гевгелија.

    Тие влегле во канцеларијата на благајникот која се наоѓала во склоп на винарската визба и со помош најверојатно на оксигенски заварувач се обиделе насилно да ја отворат металната дводелна каса.

    „Но, откако не успеале да ја отворат металната врата, ја извлекле од нејзиното лежиште и со оксигенскиот апарат направиле отвор, со дијаметар од околу 20 сантиметри. Од дејстувањето со оксигенскиот апарат и високата температува, видно биле оштетени, со нагорување, пластични папки со документација, кои биле во внатрешноста на горниот дел од металната каса, а биле нагорени и оставените парични средства во денари. Од металната каса тие успеале да одземат 640.000 денари, во различни апоени и 6.950 евра во различни апоени“, се наведува во соопштението на МВР.

    По кражбата, М.Р. за соодветна награда, на четвртопријавениот С.А. му дал пет делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари да ги замени во Народна банка на Република Македонија, по што тој на 24 септември минатата година поднел барање до банката за нивна замена, а три дена подоцна парите му биле сменети.

    На 5 октомври минатата година, седмопријавениот Б.И од Прилеп, исто така отишол во просториите на Народна банка на Република Македонија, со намера да изврши замена на 172 делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари.

    Во просториите на банката при контакт со шестопријавениот Б.Ѓ, кој бил вработен во НБРМ, Б.И. бил упатен замената на банкнотите ја изврши преку менувачница во Скопје, при што вработениеот во НБРМ му овозможил контакт со петтопријавениот А.Х, вработен во менувачница, кој за соодветна награда, од 10 проценти, истиот ден ги земал 172 делумно нагорени банкноти, а на пријавениот Б.И му исплатил 155.000 денари во готово без да му издаде документ.

    Исто така, првопријавениот Н.В. на 11 декември минатата година, на третопријавената И.В и дал 13 делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари, со цел да ги замени во НБ на РМ. Таа веќе наредниот ден во раните утрински часови, пријавила 13 банкноти, од по 1.000 денари, за замена како делумно нагорени, но замената на банкнотите не е извршена.

    Набргу потоа, тие биле идентификувани и пронајдени. На предлог на јавниот обвинител во Гевгелија, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија на прво, второ и шесто пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, додека на трето, петто и шесто пријавените им е одредена мерка на претпазливост „задолжително јавување во суд“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.