6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Пронајден нов орган што се протега низ целото човечко тело

    И покрај фактот што човечката анатомија се проучува неколку илјади години, научниците и натаму откриваат нови тајни за човечкото тело.

    Имено, истражувачите од медицинскиот центар „Лангон“ во Њујорк идентификуваа нов вид орган кој би можел да биде најголем во телото.

    Се покажало дека  она што претходно се сметаше за густо сврзно ткиво што се протега низ целото човечко тело всушност е мрежа од комори исполнети со течност, која служи како еден вид „амортизер“, односно е орган за апсорпција на удари.

    Ова откритие не само што ќе помогне подобро да го разбереме начинот на кој функционира човечкото тело туку исто така одговора на прашањето зошто ракот се шири побрзо кога ќе достигне одредени делови на телото.

    Наречен „интерстициум“, овoj орган се состои од поврзани делови кои се однесуваат како проток на течност, а се протегаат од површинскиот слој на кожата, преку дигестивниот тракт, белите дробови и уринарниот систем, до крвните садови.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.