Македонија ја совлада Словенија во првото коло од Европскиот шампионат во Хрватска, и има веќе на контото 2 бода. Следен предизвик за четата на „Ел Команданте“ ќе биде Црна Гора, селекција која што е добро позната за нашите репрезентативци. Иако без Вуко Борозан, сепак Црногорците сигурно нема да бидат лесен залак.

„Одбраната на Црна Гора е рзлична од онаа словенечката, треба да подготвиме различна тактика, да играме против 3-3 или 3-2-1. Јас иамм доерба, се подготвуваме максимално, мислам дека Црна Гора ќе има мотивација, е одлична репрентација и тоа ќе биде и за нас и за нив финале.“ – вели Раул.

Црна Гора најверојатно ќе може да смета на голманот Небојша Симиќ за утрешната пресметка со нашата селекција.

„Јас имам премногу проблеми за да мислам што ќе прави Црна Гора. Не е важно дали ќе игра Симиќ или не, но ако игра добро, ако не пак добро.“ – заврши Раул.

Мечот меѓу Црна Гора и Македонија се игра утре со почеток во 20:30 часот.

Извор: 24ракомет.мк