6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Рајан Рејнолдс проговори за своите психички проблеми

    Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс за „Њујорк тајмс“ призна дека страда од анксиозност и дека цел живот се бори со стрес и стравови. „Отсекогаш сум анксиозен. Постојано сум загрижен за нешто, а тоа не е воопшто едноставно“, рекол Рејнолдс.

    Актерот претходно призна дека имал нервен слом во 2015 година кога завршил со снимањето на филмот Deadpool.

    Рекол дека сопругата, актерката Блејк Лавли, му помогнала да се справува со стресот и дека е свесен за големите очекувања на публиката од филмот Deadpool 2, чија премиера е закажана за 12 мај. „Кога постојат големи очекувања, мозокот ги перципира како опасност“, рекол Рејнолдс.

    Тој открил дека во борбата против анксиозноста му помагаат советите од една мобилна апликација за медитација и позитивни мисли. „Моите фанови честопати се разочарани кога ќе ја запознаат оваа досадна верзија на човекот што им изгледал како нивен херој“, рекол Рејнолдс.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.