6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ретка глетка: Вечерва целосно затемнување на Месечината

    Скопското астрономско друштво за оваа цел ќе постави телескопи на плоштадот Македонија во Скопје преку кои сите заинтересирани ќе може да уживаат во овој единствен настан. Освен затемнување на Месечината, вечерва ќе се случи уште еден редок астрономски настан – Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.

    „27.07 оваа година ќе биде многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во тек на истата вечер, ќе имаме можност да набљудуваме два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо“, велат од Скопското астрономско друштво.

    Од таму ги покануваат сите заинтересирани да пристигнат во 20 и 30 часот. Ова ќе биде најдолгата „крвава Месечина“ во 21. век. Затемнувањето ќе трае еден час и 43 минути, а ќе почне од 21 часот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.