6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ретко кој знае: Првиот спот на Шабан сниман во Скопје, а тој бил сместен на Водно

    Кралот на народната музика како што го нарекуваа, Шабан Шаулиќ кој го напушти овој свет на 17 февруари месецов, деновиве е секојдневно во медиумите, односно Балканот се потсетува на неговите најдобри настапи, на моментите поминати со него во минатото, пишува Курир.

    Верувале или не Шабан првата песна „Утјеха“ ја има промовирано во Скопје по што неговата кариера започнала да се движи во нагорна линија.

    Тој раскажува дека песната станала радио хит веднаш, но на телевизија се појавила откако ја промовирал во Скопје.

    -Го снимив тој спот и беше некоја телевизиска емисија која се викаше „Гостите на нашето студио“, тоа беше во Скопје, се сеќавам тогаш бев да ја снимам таа емисија која се емитуваше, нормално на сите канали низ целата Југославија. Тоа беше емисија за народна музика, се сеќавам дека тогаш ја запознав Вера Ивковиќ бидејќи бевме на некое брдо кое се вика Водно во Скопје каде беше хотелот и каде бевме сместени и тука.

    Делот каде пејачот се присетува за убавите моменти во Скопје можете да ги погледнете од 44:25 минути, по спотот за кого токму зборува Шаулиќ.

    Извор: Курир

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.