6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ристе Ристевски доби непријатна понуда – српската пејачка сака да и биде зет

    Охриѓанецот Ристе Рисетски сите го паметиме по неговото учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сега го живее својот сон.

    Од пред неколку месеци Ристе се пресели да живее во Белград со цел да ја гради својата музичка кариера.

    Ристе неодамна ја издаде својата втора песна „Неизлечиво“, а деновиве гостува по емисии и телевизии каде ја промовира песната.

    Така, овие денови Ристе беше гостин во емисијата „Хало хало“, на „Гранд“.

    Покрај Ристе во емисијата гости беа и Ивана Павковиќ, Небојша Војводиќ и Милица Тодоровиќ.

    Во најавата водителката го нарече Ристе како победник и дека сега е многу позгоден.

    Македонецот откри дека оди често во теретана и дека ослабел за да им парира на убавите девојки, на што се надоврза Милица Тодоровиќ и го праша дали сака да и биде зет.

    „Сакаш ли да ми бидеш зет? Слободна е сестра ми, помладата. Културен, фин, ми се допаѓа за зет..“ се пошегува пејачката во нејзин стил.

    Дали Ристе ќе ја најде љубовта во соседна Србија и ќе стане српски зет останува да видиме.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.