6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Државата им ги зема децата на родителите на кои Боки13 им најде топол дом

    Институциите им го одземаа детето на родителите кои во 2016 година беа усреќени од Боки13 а причината за тоа како што информирале од Центарот за социјални работи во Свети Николе е груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите.

    Експресна реакција следеше по приказната и видеото кои во јавноста ги пласираше Досие.мк а во кое јасно се гледаше дека татко тепа дете на немилосреден начин на автобуската станица во Штип.

    Таткото кој беше подготвен да работи каква било работа со цел да обезбеди пари да изгради нова куќа и мајката која има дете со друг маж, откако добија стан пред три години од шоуменот кој сега е зад решетки Бојан Јовановски, останале без двете деца.

    Дека децата привремено им се одземени на родителите потврдуваат и од МТСП.

    Сторијата за семејството Симонови oд Свети Николе ја обиколи земјава пред три години а тогаш на помош „притрча“ Бојан Јовановски. Тој на малиот Лука кој тогаш беше мало бебе му обезбеди топол дом, каде со родителите требаше да ја помине зимата додека неговите не изградат нова куќа како што ветуваше таткото.

    Родителите на Лука тогаш беа пресреќни а Бојан Јовановски велеше дека бил вџашен од лошите услови за живеење на ова семејство.

    Извор: Faktor.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.