6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Русинка 35 пати го избодела својот сопруг кој се пожалил дека храната не е доволно солена

    Жена го убила својот сопруг, бидејќи тој го критикувал нејзиното готвење, објави руската полиција. Таа несреќниот маж со нож го избодела најмалку 35 пати, пишува британски Дејли Мејл.

    Слава Давидкин на возраст од 43 години, бил убиен откако се пожалил дека неговата сопруга не ставала доволно сол во храната.

    Неговата сопруга Евгенија (31) чекала тој да заспие, па го избодела со нож пред нивното четиригодишно дете, стои во полицискиот извештај. Подоцна, тaa го призналa убиството и оттогаш се наоѓа во домашен притвор.

    Двојката започнала расправија откако рибарот се пожалил дека јадењето кое го подготвила сопругата не е доволно солено. Тој тврдел дека тоа значи оти таа не го сака доволно.

    Расправијата продолжила и откако нивните гости заминале на спиење, а рибарот ја удрил својата сопруга.

    Таа била испровоцирана поради она што се случило. Потоа го убила сопругот на спиење, па побарала од еден од машките гости да повика брза помош. Лекарите само ја констатирале смртта на 43-годишникот.

    Рускиот комитет за истраги објави дека двојката се расправала за послужена храна. Убиениот сопруг, наводно, рекол дека доколку жената навистина го сакала ќе ставeла повеќе сол во храната.

    За време на сослушувањето, Евгенија изјавила дека тоа не била прва расправија меѓу нив двајца. Според нејзините зборови, сопругот секогаш прв почнувал да се расправа.

    Локалните жители ја критикуваа одлуката на полицијата обвинетата да остане во куќен притвор и да се грижи за детето.

    Убиениот човек од претходниот брак имал друго дете – 19-годишна ќерка.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.