6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    СДСМ: Мицкоски нека се спрема за пораз на какви било избори

    Портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски бадијала се дообјаснува, нека се спрема за пораз на какви било избори, реагира СДСМ на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремени парламентарни избори.

    Кога ќе има избори, велат од СДСМ, не зависи од желбите на пионот и портпарол на Бачев Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.

    „Но кога и да се случат предвремени парламентарни избори, Мицкоски нека се подготви за пораз, исто толку тежок пораз каков што ќе доживее и неговиот кандидат за претседател. Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат нов Иванов или нов Груевски“, велат од СДСМ.

    Од партијата велат дека Мицкоски повторно си ги дообјаснува своите интервјуа преку видеа на социјалните мрежи и дека е очигледна конфузијата во којашто е тој и неговата антизападна ВМРО-ДПМНЕ.

    „Тажно, мачно и црно во Македонија беше кога ВМРО-ДПМНЕ расипнички и криминално ги трошеа парите на граѓаните, Македонија беше заробена и во изолација, а Христијан Мицкоски го советуваше Никола Груевски, тогашниот и сегашниот негов шеф. За време на тоа режимско владеење беше мачно и црно во Македонија затоа што граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија“, велат од СДСМ.

    Токму во тоа црно време за граѓаните, додаваат од таму, пионот Христијан Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Никола Груевски и свесно ја игнорираше маката на граѓаните.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.