6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Семејна драма: „Ми беше како сестра, снаата ми го зеде сопругот“

    32-годишниот Алан Хаскинсон починал од рак на грлото минатата година, а неговата сестра Сем правела се за да ја утеши неговата вереница Џо, со која тој во 2014 година добила дете.

    -„Тие се верија кога го добија детето, а свадбата ја планираа за подоцна. Меѓутоа, во 2015 година на Алан му беше дијагностициран рак во последна фаза. Само сакаше да се ожени со Џо пред да умре. Таа дури избра венчаница и се беше закажано, требаше да се венчаат, но Алан почина.“- зборуваше Сем.

    По смртта на нејзиниот брат, Сем се грижела за Џо, но Џо не била благодарна и започнала афера и тоа со сопругот на Сем.

    -„Како да ми забија нож во срцето. Кога Алан почина мислев постојано на Џо, ми беше како сестра! Знаев дека ја погоди смртта на Алан и правев се што можев. Сега ми е јасно зошто мојот Крис и беше најдоброто рамо за плачење.“- вели Сем, која била во брак со Крис 10 години.

    Дека Крис ја изневерува со нејзината снаа забележала кога отишле на заедничко патување, 6 месеци по смртта на Алан.

    -„Неколку пати одеше во нејзината соба и во текот на ноќта. Ми рече дека одел да убие бубашваба, но него го немаше по половина час.“- се присетуваше Сем.

    Неколку месеци подоцна Крис и рекол на Сем дека сака да се разведат и заминал од дома.

    -„Сето тоа се случуваше пред моите очи, а јас мислев дека пати по Алан. Се чувствував понижено. Најлошо од се ми беше да им соопштам на децата. Да ги гледам во очи и да им објаснам дека татко им ги оставил поради вујната.“- објаснува Сем.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.