6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Се што ќе оставите на плажа во Хрватска ќе ви биде фрлено

    Макарска пропишува нови правила за да се регулира однесувањето на туристите и на они кои уживаат во убавините на морето, па така ќе биде забрането „резервирањето“ место на плажа, со оставање крпи, и други реквизити.

    plaza

    Крпите, реквизитите за на плажа и други работи кои ќе бидат оставени без надзор на плажите во Хрватска, ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.

    Станува збор за многу позната метода, која се користи во доцните вечерни часови или рано наутро, кога туристиуте оставаат крпи на плажа за да се заземе најдобро место за уживање во морето и сонцето, подоцна во денот.

    Dalmacija News пишува дека на следната седница на макарските градски власти ќе се најде предлогот за Одлука за комунален ред во која стои дека на природните и на уредените плажи е забрането, по користењето на плажата, да се оставаат крпи, реквизити за плажа и други работи со слична намена.

    Сите тие ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.