6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Силјановска го прашува Заев: Што бараат премиерот и министерот за внатрешни работи во претседателска кампања

    Во изјава за медиумите професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидат за претседател на државата ја објасни нејзината порака упатена до премиерот Заев.

    Претседателската кампања не е место за учество на премиерот во кампањата секој ден, ниту за учество на министерка за одбрана, а уште помалку на министер за внатрешни работи. Тие треба да се однесуваат технички бидејќи тоа се и мојот премиер и наши министри. Не треба да сте експерт по избори за да заклучите дека во било какви избори во историјата на европските избори се нема случено ваков колапс на легитимитетот, рече Давкова.

    Да изгубите 200. 000 гласови е силно предупредување за силен пораз на претседателски, но и на предвремени парламентарни избори, додаде таа.

    Ние нема да добиеме почеток на преговори со ЕУ, овде не помага ниту колнење во ЕУ, туку потребни се европски процеси. Тоа што сум го предавала тоа и ќе го спроведам, истакна Давкова.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.