6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Скриената Плажа на љубовта во која интернетот се заљуби

    Плаја дел Амор, егзотичната „скриена плажа” што се наоѓа на еден од бујните и ненаселени Мариетски Острови во Мексико, е новата фасцинација на туристите од целиот свет.

    Плаја дел Амор или Плажа на љубовта се наоѓа на островот Мариета, на брегот на Пуерто Валјарта, и е една од најинтригантните плажи што Мексико може да ги понуди. Причината е нејзината скриеност – до плажата можете да дојдете само пливајќи низ тунелот што го поврзува со Тихиот Океан или со едночасовно возење со кајак или со брод.

    Тунелот што ја поврзува скриената плажа со Кортесовото Море е на шест метри надморска височина, плажата е зафатена со една пештера со огромен отвор што овозможува продирање на сончевата светлина.

    Флората и фауната на Плаја дел Амор ја прават оваа плажа идеално место за љубителите на природата, а особено се привлечни коралните гребени за оние кои нуркаат и уживаат во подводниот свет. Постои, исто така, песочна плажа за сончање, но и сенка под која можете да се одморите за време на жешките часови.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.