6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Словенечки министер обвинет за мобинг понуди оставка

    Словенечкиот министер за култура, Дејан Прешичек, кој беше обвинет за мобинг, понуди оставка во писмо до премиерот Марјан Шарец. Премиерот, како што пренесува СТА, денеска ќе ја објави одлуката.

    Прешичек неодамна се најде на цел на обвинувања за мобинг кон вработените и злоупотреба на положбата, а кулминирало кога еден од вработените во министерството за култура извршил самоубиство.

    Загребскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека се работи за татко на три деца, чија сопруга боледува од рак и кој, според наводите на вработените во министерството, бил изложен на мобинг од министерот и неговите најблиски соработници.

    Прешичек ги отфрли обвинувањата за мобинг, но признал дека го злоупотребил користењето на автомобилите на министерството.

    „На никого не би му посакал да го помине тоа што го поминав јас изминатите недели. Јавниот линч не ме погоди само мене и моите колеги, туку и оние во културата, добродушните. Тоа не можам да го дозволам бидејќи не сум безчувствителен како што одделни медиуми ме опишаа“ напишал Прешичек во писмото.

    Тој нагласил дека гледа само едно можно решение, а тоа е да поднесе оставка до премиерот.

    Според неофицијални информации на РТВ Словенија, Шарец нема да ја прифати оставката на министерот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.