6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Соња која доброволно се пријавила за помош на Инфективна клиника ќе ве остави без зборови

    Министерството за здравство во текот на денот информираше дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 .

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15, а 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Соња Христовска се огласи на социјалните мрежи каде што сподели статус на својот профил на Фејсбук, а во истиот напиша:

    Почитувани ФБ пријатели,

    „Ви пишувам директно од местото на настанот – Инфективна клиника. Доброволно се пријавив да помогнам на персоналот, кој веќе е исцрпен и работи со последните резерви.

    Имам многу работи видено, но ова што се случува на Инфективно нема збор да се опише. Пациентите се борат за воздух… значи, за воздух.

    Човек умира на раце и моли за кислород. Секој дава сѐ од себе, терапија до вселената. Колку човек и да е отпорен, не може да не потклекне и да не се соживее.

    Глетката и плачот на семејствата немаат цена, а нема ден да помине без смртен случај. Тешко е…многу е тешко…но, има некоја волшебна енергија која дава сила.

    Сите работат како допрва да треба да се докажуваат за вработување. Премногу се вредни, сплотени, единствени, човечни. Генијални се.

    П.С. Само овде денот трае подолго од 24 часа. Се поклонувам пред персоналот кој не знае во кој круг на пеколот се наоѓа. Моето срце чука заедно со вашите.“

    Фото: Илустрација

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.