6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Србинка го занеме Балканот: Мојот син гледаше додека неговиот татко, кумот и другар

    Приказната за патот кој го поминала Б.Т. ја раскажала и во емисија во „Пинк“.

    Целата сторија е преземена од порталот Курир.рс, кои разговарале со личноста.

    Истрагата е завршена и тие се ослободени од секаков сомнеж за кривично дело, но по жалбата на оштетената постапката е почната повторно, потврдиле од Вишото јавно обвинителство за Курир.рс.

    Случајот на Билјана Ч од Сремска Каменица, која ѕверски ја силувале сопругот, кумот и нивни другар пред малолетниот син по две години чекање конечно би можело да се најде пред суд. Несреќната Билјана Ч., чија голгота трае две и пол години поднела жалба дека истрагата е запрена, па новосадското Вишо јавно обвинителство го покренува случајот од почеток.

    Синот го пријавил случајот: Го мразев и му се плашев

    Ме силуваа сопругот, кумот и нивен другар во викендица. Тоа се случи откако побегнав од дома кога сопругот ме претепа. Моето дете беше сведок на тој ужас. Со овие зборови Б.Т., од едно мало место во Војводина, го опишува грозоморното семејно насилство за „Блиц“.

    Таа вели дека нејзиниот деветгодишен син бил сведок и на бруталното тепање и на силувањата, за време на кои нејзиниот сопруг велел дека „момчето треба да види како им се прави тоа на жените“.

    Ќотекот беше секојдневен. Ме тепаше без причина, само некогаш ќе го прашав за плата. Целото негово семејство го знаеше тоа. Молчев затоа што ми се закануваше дека ќе ме убие и мене и детето. Ме удираше со тупаници, ме клоцаше, ме тепаше со тушот, ме посипуваше со топла вода, гасеше и цигари од моето тело, со бургија ме дупеше, ми кршеше чаши од глава, а понекогаш ми ставаше и лути пиперки во носот – ја опишува тортурата низ која минала.

    За членовите од неговото семејство вели дека се соучесници, бидејќи и пред нив ја соблекувал гола и ја тепал, а тие се смееле.

    Сепак, таа никогаш не побарала лекарска помош, ниту пак го пријавила случајот во полиција, како што вели „од страв“, што дополнително им ја отежнува работата на надлежните органи.

    Во јуни ме претепа, па побегнав во викендицата. Таму прво ме силуваше тој, потоа кумот и на крајот негов другар. Кога завршија, ме претепа и ми стави вреќа на главата. Потоа ме фрли во багажникот и ме донесе дома – вели таа.

    За насилството неодамна раскажал нејзиниот син, по што нејзиниот татко го пријавил случајот во полиција целосно шокиран. Иако живеел во близина, тој првпат слушнал за насилството кое го доживувала неговата ќерка.

    Со фен ѝ ги палеше очите, ја кубеше за коса, со чекан за месо ја удри по лице, со тупаница по нос, ѝ го скрши забот, сакаше да ја заколе, ја тераше да јаде измет. Го мразев и му се плашев – раскажал нејзиниот трауматизиран син.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.