Стотина апликации и игри на нашите мобилни телефони нè прислушуваат низ микрофоните.

Ваквите апликации доаѓаат со технологија што препознава звуци, па кога мобилните уреди ни се во џебот или додека игрите работат во заднина, тие слушаат кои филмови и серии ги гледаме, но исто така и кои реклами сме ги виделе. На тој начин огласувачите можат да нè запознаат многу подобро и да ни нудат реклами преку кои ќе нè натераат нешто да купиме.

Според „Њујорк тајмс“, апликациите користат софтвер на компанијата „Алфонсо“ што потајно ги следат нашите ТВ-навики преку микрофонот, а станува збор за приближно 1.000 игри и различни социјални апликации. Речиси 250 од нив се достапни за уредите на „Андроид“, а помал број се за „ајфон“.

Иако апликациите можат да ја слушаат околината на корисникот, од компанијата тврдат дека не ги снимаат разговорите.Софтверот се споредува само со звуците од познатите реклами и не препознава човечки говор и други звуци.