6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сурово но вистинито: Шест причини зошто мажите ја изневеруваат иако ја сакаат сопругата

    Прочитајте кои се најчестите причини кои мажите ги тераат да изневеруваат и покрај тоа што си ја сакаат сопругата.

    Бара пријателство
    Некои жени почнуваат константно да им приговараат на своите мажи после некое време поминато во брак. Мажите потоа почнуваат да бараат женско друштво во кое нема да бидат осудени и каде ќе наидат на разбирање. Тие сакаат жена која ги прифати онакви какви што се.

    Сака да си игра
    Мажите понекогаш знаат да бидат детинести и не сакаат секогаш да ја прифатат одговорноста којашто бракот ја носи. Можеби копнеат за времето кога не биле врзани и бараат жена која со нив повторно ќе се однесува спонтано.

    Сака независни жени
    Повеќето мажи сакаат жени кои умеат да грижат сами за себе. Не сакаат да бидат со некоја која ќе зависи од нив цело време.

    Сака жена која е среќна
    Ако мажот почувствува дека вас ништо повеќе не ве прави среќни, тогаш тој можеби ќе побара жена која ќе умеат да ја усреќат. Мажите сакаат партнерка која е задоволна во врската.

    Бара нешто што вие го немате
    Иако е плитко, сепак е вистинито. Ако сте престанеле да водите грижа за себе откако сте се венчале, тој можно е да побара некоја поатрактивна жена.

    Презира солзи
    Повеќето мажи не знаат како да одговорат на солзите. Тие во тие ситуации не знаат што да направат или кажат и полесно им е да најдат некоја друга отколку да се соочат со проблемите во својот брак.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.