6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Таткото на Фросина: Ако нема правда за моето дете, тогаш ја ќе ја земам во свои раце

    „Или ќе има правда за моето дете, или ќе станеме „Див Запад“, па секој ќе се снаоѓа како умее и знае, ќе си ја зема правдата во свои раце“, изјави за „A1on.mk“ Љупчо Цековски, таткото на прегазената Фросина по одлуката на Апелација за намалување на казната на три години, за возачот Љубиша Видојковиќ.

    Цековски, вели дека болката е уште поголема, од пред 4 години кога загина Фросина, и за него е неприфатливо како што вели, толку ниска казна за некој кој возел со преголема брзина и усмртил човек на пешачки премин, а потоа избегал и не укажал помош.

    „За семејството Цековски, болката е преголема по загубата на најмилото и ништо не може да ни ја врати ќерката. Но, се надевавме дека правдата ќе излезе на виделина и дека сторителот ќе си ја добие заслужената казна.

    Очигледно правдата е во рацете на моќните. Не знам што да кажам, очекувавме казна затвор од најмалку 10 години, а тие му намалија на три. Ова ли е држава, ова ли е судство?.Згора на тоа му го поништија делото дека не и укажал помош, откако ја удрил. Порачувам, нема да се смириме, ќе се жалиме до сите институции“, рече Цековски.

    За таткото на Фросина има многу не разјаснети работи во целиот случај. Тој вели, дека не му е јасно како сведоците пред судот тврделе дека девојчето поминало на зелено, а вештачењето покажало дека било запалено црвено светло.

    „Не знам, не ми јасно. Барав да се вратат камерите, да се зумира, но не дозволија. Кажаа дека било црвено светло и толку.“додава таткото на Фросина.

    Целиот текст прочитајте го на овој ЛИНК

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.