6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки и фискалното правило за општините, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

    Денес кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, откако минатата година го подобри изгледот од позитивен во негативен.

    „Кредитната агенција ‘Фич’ го потврди водењето на успешна фискална политика. Главно тие ги истакнуваат реформите во системот на јавните финансии, притоа ставајќи акцент на реформата во системот на јавните набавки, пензиската реформа и фискалното правило кое беше поставено на општините. Реформите заедно со стабилизацијата на политичката состојба, ‘Фич’ посочува дека ја оживуваат економската активност и во извештајот е многу јасно потенциран позитивниот придонес кој се очекува од асфалтираниот пат во НАТО. Ние нема да застанеме тука. За нас е важно да продолжиме со спроведување на реформите“, вели Тевдовски.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.