По раскинувањето на договорот со Андон Бошковски, битолскиот суперлигаш, Еурофарм Работник, потврди дека на чело на тимот доаѓа поранешниот селектор на македонската репрезентација, Илија Темелковски. Искусниот стратег потпиша двегодишен договор.

„Со голема чест и задоволство ја информираме спортската јавност дека за нов тренер на РК Еурофарм Работник е назначен Илија Темелковски.

Докажаниот ракометен тренер и поранешниот селектор на машката младинска и сениорска ракометна репрезентација потпиша двогодишен договор со нашиот клуб.

Предизвиците и зацртаните цели на екипата во оваа сезона се големи. Раководството на клубот смета дека со изборот на Илија Темелковски за прв тренер на екипата зацртаните предизвици и цели ќе се остварат во целост“, се вели во соопштението на клубот.