6 C
Skopje
петок, април 26, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Тестот за бременост на старите Египќани сè уште е точен!

    Можеби ќе ви звучи неверојатно, но вистина е дека уште пред неколку илјади години паметните Египќани не само што имале природни лекови речиси за сите болести кои се појавувале, мешајќи билки, зачини, храна, туку го пронашле и најдобриот начин за да направат домашен тест за бременост.

    Техниката е многу едноставна. Ставаат зрно песок и зрно јачмен во еден сад, во кој ја додаваат урината на жената која треба да го направи тестот. Го покриваат садот со крпа и го оставаат до следниот ден.

    Ако зрната потонат, значи дека е трудна, ако не потонат, не е. Дури имале и теорија дека зависно од тоа кое зрно ќе биде повеќе потонато, можеле да предвидат и за кој пол се работи.

    Истражувачите уште во шеесеттите години од минатиот век го потврдиле овој тест како 70 % точен, не многу помалку од модерните тестови за бременост. Што се однесува до полот на детето, не нашле некоја поврзаност.

    Древниот тест се прави на истиот принцип како и модерниот, забележувајќи ги хемиските промени на урината кои се присутни само кај трудните жени.

    Ако не сте доволно сигурни во тестот од аптека, пробајте го и овој тест, кој сè уште се покажува како точен.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.