6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Убава вест oд Италија: Мислевме ќе трае со години, но уште само 1 месец и корона вирусот ќе замине во историјата!

    Откако почна епидемијата, а потоа и пандемијата со Ковид 19, се навикнавме да слушаме и гледаме само лоши вести, особено од Италија, која е најпогодената европска земја, но тоа нема да биде уште долго така.

    Крајот на коронавирусот се ближи, предвидуваат експертите, односно 5 мај е отприка датумот кога во Италија ќе престане да се шири инфекцијата.

    Институтот за економија и финансии Еинауди во Рим предвидува дека ширењето на инфекцијата со коронавирусот во Италија ќе заврши до 5 мај.

    Епидемиолошкото сценарио на Институтот се заснова на алгоритам кој ги зема предвид сите значајни параметри на пандемијата, вклучувајќи го и бројот на новороденчињата, хоспитализацијата, закрепнувањето на пациентите и стапката на смртност.

    Научниците очекуваат акутната пандемиска фаза да заврши до средината на април.

    Во регионот Трентино, Јужен Тирол, се очекува вонредната состојба да се укине на 6 април, а ден подоцна и во регионите Базиликата, Лигурија и Умбрија.

    Во регионот Лацио новите заболовуња ќе престанат до 16 април, според нивниот извештај.

    Во регионите Венето и Пиемонт, каде што се некои од првите случаи на епидемијата, запирањето на ширењето на коронавирусот ќе биде објавено на 14 и 15 април, во Ломбардија на 22 април, во регионот Емилија-Ромања на 28 април, додека Тоскана ќе биде последниот регион кој во мај веќе ќе нема нови заразени.

    Заменик-министерот за здравство на Италија, Пјерпаоло Силери, кој е меѓу првите од Италија заразен со новиот коронавирус, вчера изјави дека пикот го очекуваат за седум до десет дена.

    Во последните 24 часа во Италија починаа 812 лица, а нови заболени има 1.648.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.