Пред Клиничкиот центар во Скопје се случи убиство на кое му претходела семејна расправија, објави Клан телевизија а пренесе Фокус.мк.
Според информациите, синот го убил својот 55-годишен татко, кој се упатил на скопските клиники да побара помош.
Полицијата и брзата помош се на терен и се врши увид на местото на настанот каде во моментов е забранет пристапот.
Според информациите, убиецот е веќе уапсен.