6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Филипче: Можно е враќање на забраните во одредени општини во Скопје

    Процентот на заразени лица во последните 14 дена изнесува 5,5 отсто од бројот на тестирани лица заедно со тестовите од скринингот.

    Зголемениот број случаи доаѓаат од познати кластери, но има и нови кластери во некои општини. Загрижува непочитувањето на мерките“, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.

    Министерот вели дека контролите направени во Тетово и Штип покажале непочитување на мерките.

    „Во Тетово не се почитуваат самоизолацијата, носењето маски и дистанцата. Во Штип не се почитуваат правилата за транспорт, особено на работничките по текстилните фабрики. Во автобусите се возат вработени од сите фабрики и не се почитува правилото за маски и процентот на пополнетост на автобусите. Имаме 17 заболени во една конфекција и 70 лица во изолација. Епидемиолозите се соочуваат со потешкотии со епидемиолошките анкети, пациентите даваат лажни адреси, лажни податоци“, рече Филипче истакнувајќи ги негативните страни што загрижуваат.

    „Има концентрација на случаи во скопските општини Сарај, Чаир, Бутел, Гази Баба и Аеродром. Новодијагностицираните пациенти се заразиле кога имаше строги рестриктивни мерки. Има информации за граѓани што и со решение за самоизолација шетаат надвор. Барам поголема ажурност од страна на МВР за контрола и санкции. Продолжуваме активно да ја следиме состојбата“, рече Филипче.

    Тој најави можно воведување таргетирани рестрикции, по општини, согласно со бројот на новодијагностицирани лица. Ако бројот е голем, врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.