6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Филипче: Се преговара и со приватните лаборатории да помогнат и тестот да чини 1800 денари

    Од утре на државно  ќе се прават дополнителни 350 тестови на коронавирус дневно. Се преговара и со приватните лаборатории да помогнат и тестот да чини 1800 денари, најави министерот за здравство.

    По новите рекордни бројки на заразени , комисијата за заразни болести донесе одлука да се обезбедуваат слободни кревети во повеќе болници-Козле, 2 одделенија во 8 Септември, Струмица, Тетово.

    – Ќе се преговара и со 56 приватни интернисти кои работат со Фондот, да се вклучат на помош во инфективните клиники. – изјави Венко Филипче.

    На пунктовите редици за тестирање. На листата позитивни има пациенти кои и повеќе од пет дена никој не ги контролира и чекаат да им се направат анкетите.  Доктор Жарко Караџовски вели епидемилози во Скопје се бројат на прсти, им помагаат општи леркари и студенти, а работат и по 16 часа дневно.

    Рекордот на починати беше постигнат вчера- 22 лица. Анализата на ИЈЗ покажала дека над 80% од позитивните на Ковид19 се без симптоми или со лесна клиничка слика.

    – Просечно 80% од сите регистрирани случаи се асимптоматски или со многу лесна клиничка слика. Од останатите 20%- меѓу 12 и 14% имаат лесна клиничка слика со лесно изразени симптоми: температура, слабост, малаксаност, течење на нос. Овие лица се препорачува да останат дома и да примаат терапија .Само мал процент, меѓу 2 и 4 отсто од сите заразени, завршуваат на болничко лекување- најчесто со воспаление на белите дробови или друг проблем. Еден отсто од заразените завршуваат на респиратор. – вели Жарко Караџовски – епидемиолог.

    Министерот Филипче вели над 85% од оние што починале од или со коронавирусот, имале тешка форма на некоја друга хронична болест, односно коморбидитети. Од почетокот на пандемијата, во Македонија починаа 919 лица, а  заразени досега се нешто помалку од 27 илјади. Во моментов, има над 7,400 активни случаи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.