6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Фото, видео) Трибина се урна за време на настапот на рап-музичар – дел од публиката заврши во морето, повеќе од 260 лица се повредени

    Повеќе од 260 лица се повредени, од кои пет потешко, кога се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт, изјавија официјални лица.

    Платформата на морскиот брег се урна непосредно пред полноќ додека луѓето го гледаа настапот на еден рап-музичар за време на дводневниот фестивал во Галиција, пренесува Би-би-си.

    Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, пејачот ги поканил присутните да скокаат, а кога тие го послушале – платформата се урнала.

    Извештаите велат дека некои посетители на фестивалот паднале во морето кога пропаднала дрвената структура долга 30 и широка 10 метри.
    Очевидци велат дека настанала паника меѓу луѓето што се обидувале да се извлечат на безбедно.

    Неколку екипи на итната помош се погрижиле за повредените, а биле испратени и нуркачи во морето за да проверат да не има некој заробен под структурата.

    потврди дека нема загинати.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.