6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

    Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата, 19 мај.

    На една од фотографиите освен младата двојка се и останатите членови на семејствата, што претставува прва заедничка фотографија од новото кралско семејство.

    На една фотографија принцот Хари и Меган се претставени во романтична поза, седнати на скали, а на третата фотографија војвотката од Сасекс позира со нејзиниот сопруг и малите деверуши и девери, меѓу кои се и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Групните фотографии се направени во Зелената соба во замокот Виндзор.

    Светските медиуми коментираат дека фотографиите со американската актерка како стои покрај нејзиниот сопруг од кралско семејство, кралицата Елизабета Втора и нејзината мајка, која е инструктор по јога, покажуваат колку се сменило кралското семејство.

    Фотографиите се дело на Алекси Лубомирски.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.