6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Оваа девојка изгубила 50 килограми – ѝ останал еден голем проблем

    Сара Никол, 34-годишната мајка на три деца од Канада, прилично се здебелила откако родитла. Нејзината тежина на возраст од 25 години се искачила на 102 килограми. Одлучила да ослабе и успеала во тоа.

    Буквално се преполовила, изгубила 51 килограм, но на нејзиното тело останале стрии и вишок кожа, целулит по целото тело.

    Вели дека на почетокот била несигурна и го криела своето тело, но дека сфатила дека тоа нема смисла. Престанала да ја мери својата вредност според тоа како изгледа.

    Вели дека била горда на себе кога ослабела, се чувствувала како повторно родена жена.

    -Ми беше страв дека луѓето ќе велат дека изгледам одвратно. Прњестанав да ги следам профилите на интернет кои правеа да се чувствувам лошо и ги следев само оние позитивните. Тоа многу ми помогна во начинот и промената на размислување и доживување на самата себе, раскажала Сара за Дејли Меил.

    Сопругот ѝ е голема поддршка.

    -Моето тело е вакво со причина и не морам постојано да го усовршувам. Да се биде помалку совршена ми беше застрашувачки, но повеќе не. Сега сфаќам дека моето тело нема никаква врска со тоа колку вредам како личност. Не сакам до крајот на животот да се грижам за целулитот или стриите. Сакам да уживам во животот и своето семејство, додала Сара.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.