Кога Рејчел Картер од Ливерпул во 12. недела од бременоста отишла на ултразвук, сестрите, а и самата Рејчел биле убедени дека станува збор за девојче, бидејќи бебето веќе имало коса.
Еден месец подоцна ѝ било соопштено дека станува збор за момче.
Малиот Боби е роден со неверојатно бујна темна кафеава коса. Медицинските сестри биле убедени дека косата со текот на времето ќе опадне. Боби бил вистинска ѕвезда и луѓето застанувале за да го видат поради неговата коса.
Меѓутоа, пет месеци по неговото раѓање се случило нешто сосема поинакво и неочекувано. Боби од темна коса скоро преку ноќ добил огнено црвена коса.
-Косата му е густа на мене, но бојата е на татко му. Иако е мал морам да му ја фенирам. Покрај тоа, го сака звукот на фенот и така најлесно го заспивам – вели мајката на оваа мала ѕвезда.