6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 09 МАРТ (ПЕТОК)

    Овен (21.03-20.04)

    Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Во сериозните врски бидете помалку себични и прифатете ја понудата на партнерот за нови искуства и експериментри.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува оклу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе и љубоморни. На слободните му престои мала љубовна авантура која кај некои претставници на овој знак може да премине во нешто посериозно.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Близнаците родени во првата декада, додека пак Близнаците од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност. Во емотивната врска ќе ви се врати свежината, а со здравјето нема да имате никакви проблеми.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени. Немојте да бидете хипохондри овој проблем за брзо време ќе го решите. За сега друштвото многу ви одговара и одлично ќе се чуствувате.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Односите со претпоставените и соработниците на работното место се доста нестабилни и несредени. Ќе бидете загрижени и вознемирени. Избегнувајте ги сите рискантини работи и внимавајте од неточни информации. Финансиската ситуација е релативно добра. Во љубовниот живот ве очекуваат расправии и тоа поради љубомора која е без причина. Внимавајте со кого излегувате. Здравје: нервоза.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво поради тоа прекрасно ќе се чуствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат за некое усовршување. Моменатално сте многу превртливи и често се менувате. Обидете се да ја воочите оваа слабост, а потоа и контролирајте ја. Променатете ја слабоста за да си го поедноставите животот.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации- не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите. Сентименталнте односи ќе ви бидат многу напнати. Партнерот се оддалечува од вас.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Многу ви е важно да го привлечете вниманието на околината и вашите идеи да ги претставите на оргинален начин. Ќе ви биде потребна дипломатска нота и добра работна стратегија во настапите пред соработниците. Употребете ја проверената формула. Ќе ве израдува вашиот нов емотивен сигнал и некоја порака. Партнерот искрено ќе се труди да ги оствари сите ваши потреби.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Сите активности ќе се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува исто кон вас, многу ќе ви биде тешко, но тоа нема да го покажувате ниту да реагирате. Едноставно ќе се повлечите. Дефанзивниот став ќе ви стани ваше правило. Бидејќи таквото однеусвање никаде не ве води, реагирајте директно на тоа што не ви се допаѓа кај другите. Ќе биде подобро.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ќе бидете во одлично расположени и полни со енергија. Неопходно е да ја потрошите, но правилно. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување на интелектуален напор. Здравје: главоболки, особено ако повеќе време сте во затворена просторија.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност. Прилагодете ја вашата улога во склад со заедничките афинитети.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Доколку немате доверба во одредени соработници , направете го тоа што е неизбежно за да можете да ги зачувате вашите работни интереси. Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во ,,емотивен расчекор,, дилемата која се обидувате да ја решите повеќе зависи од нечија волја или влијание одколку од вас самите.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.