Да се биде виток е одредено со многу фактори како што е генетиката и животните навики.

Сепак, постојат мали тајни кои помагаат да се одржи саканата килажа дури и ако генетски сте склони кон дебелеење. Дознајте кои се тие четири едноставни навики кои може и вам а ви помогнат да ослабнете – и тоа веднаш! И да ја одржите линијата.

1. Тргнете се од компјутер

Додека јадете во канцеларија истовремено сте и на компјутер? Прекинете со таа навика бидејќи на луѓето кои за време на оброците се подалеку од мониторот ништо не им го одвлекува вниманието (како што се игрици или сурфањето по интернет) подолго се чувствуваат сити, па јадат покасно во текот на денот.

2. Јадете храна која содржи повеќе вода

Храна која содржи повеќе вода како супа, салата, краставица и лубеница ќе ве заштитат од внесување на повеќе калории (впечатливо е дека кога се конзумира вода паралелно со храна го нема овој ефект). Затоа практикувајте што почесто своите оброци да ги почнете со супа или салата, така ќе јадете помалку од главното јадење. Добар трик е и пред јадење да конзумирате две чаши вода.

3. Пред јадење замислете дека веќе го јадете оброкот

Пред да почнете да јадете замислете дека веќе ја јадете храната која е пред вас. Оваа вежба на визуелизација може да ви помогне да прекинете да чезнеете за храната и ќе изедете помалку а не само без контрола да се прејадете.

4. Конзумирајте мултивитамни

Секојдневно конзумирање на мултивитамини може да помогне да ослабнете. Најдобри се тие кои во себе содржат 29 витамни и минерали, бидејќи нивниот недостаток во организмот го поттикнува апетитот како реакција на потреба на телото да ги надокнади во себе. Од друга страна ако успеете да се храните со храна богата со доволно витамини и минерали апетитот ќе биде под контрола.