6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Шпанија шокирана од серијата убиства на жени

    Ново немилосрдно убиство ја шокираше јавноста во Шпанија. Поранешен осуденик за убиство на сопругата, ја уби својата адвокатка и љубовница.

    Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој ја убил адвокатката во четвртокот, со која бил во љубовна врска. Полицијата во неговиот стан го пронашла нејзиното избодено мртво тело, откако нејзиниот сопруг пријавил дека е исчезната.

    Неколку часа претходно, 50-годишниот Салвадор Калво, скокнал од мост во градот Теруел, во источна Шпанија, откако полициска патрола го лоцирала.

    Овој случај ја шокираше Шпанија во која семејното насилство повторно стана главна тема.

    Минатиот месец, беше убиена и 26-годишна наставничка, во јужната покраина Андалузија. Нејзиното тело беше пронајдено покрај едно село по пет дена неуспешна потрага. Според пишувањата во шпанските медиумите, убиството го извршил 50-годишен маж, кој веќе бил во затвор поради убиство на жена. Тој призна дека ја убил девојката откако се обидел да ја силува.

    Премиерот Педро Санчез вети дека ќе продолжи со борбата против насилството над жените, а неговата изјава е сфатена како одговор на десничарската партија „Вокс“, популарна во јужната покраина Андалузија, која сака да ја укине правната помош за жените жртви на насилство, бидејќи сметаат дека неоправдано ги фаворизира жените.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.