6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

    Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го праша Александар Трајковски, кој беше на гости кај Никола Груевски во Унгарија, дали јадел гулаш.

    „Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори: „Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.

    На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО.

    Првото рочиште за предметот „Насилство во Центар“ почна на 16 декември 2016 година, но динамиката на судење досега се одвива бавно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.