6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Љубчо Георгиевски: Ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев не обединува

    И покрај длабоката држава во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува”,вели Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС, дадено за време на неговата посета на официјална Софија каде, како претставник од помала партија од коалицијата со СДСМ, замина во улога на олеснување на преговорите меѓу Бугарија и Софија.

    -„Длабоката држава“ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија,вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност,во суштина, тие не се сите Македонци, нагласува во интервјуто Георгиевски.
    Тој оценува дека југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата и нанесе тежок удар.

    Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија. Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија, порачува Георгиевски и нагласува дека Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување.

    Љубчо Георгиевски вели дека често пати е критикуван во Македонија дека застапува бугарски ставови, па нагласува дека со ова интервју ќе се обиде да биде адвкат на Македонија. Вели дека ако до пред четири пет години за добивање на бугарски пасош лицата се критикувале и „биле распнувани на крст“, дека сега тоа е нормална работа, како што е нормално, вели, да се засвират и бугарски песни во кафеани, а не само српски.

    -Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со која нè уби. Тогаш луѓето одеднаш почувствуваа дека имаат 4.000 години историја. Интересно, имаше многу фалсификати и во оваа и во комунистичката историја, но имаше и факти. Комунистичката идеологија тврдеше дека македонската нација е последната нација на Балканот, а со антиката одеднаш од најмлада, станавме најстар народ не само на Балканот, туку и во Европа и пошироко, анализира Георгиевски.

    Извор: Pogled.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.