6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Џаред Лето изнајми остров во Хрватска и ги покани обожавателите да дојдат

    Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.

    Станува збор за „Марс исланд фестивал“, кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.

    Цените се движат од 900 до неверојатни 5.600 евра. Посетителите ќе уживаат во интимни концерти на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега „Марс Исланд“ го организира во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.

    View this post on Instagram

    PRE-SALE IN 6 DAYS!!! ??????

    A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

    „Ќе биде неверојатно, местото е лудница“, им порача Џаред на своите обожаватели преку „Инстаграм“ и ги покани да му се придружат во Хрватска.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.