Холивудскиот актер Џим Кери е прогласен за невин за смртта на својата поранешна девојка.

Мајката на Кетрин Вајт го обвини Кери дека ѝ пренел на ќерка ѝ сексуално пренослива болест и дека поради тоа таа се самоубила.

Портпаролот на актерот потврдил дека Кери е ослободен од обвинението на 25 јануари. Вајт изврши самоубиство само неколку дена по раскинувањето на врската со Кери во септември 2015 година со предозирање со таблети. Кери ги демантира обвинувањата, а сега тоа и судски го докажа кога било утврдено дека доказот на семејството на Вајт бил фалсификуван.