Министерството за труд и социјална политика информира дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ број 21/98 и 18/07), 19 јануари, сабота, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Во сабота се празнува Богојавление или Водици — денот на кој според христијанското предание Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Од Министерството за труд и социјална политика преку соопштението на граѓаните од православната вероисповед им го честитаат празникот Богојавление (Водици).