7 C
Skopje
петок, февруари 21, 2020

Се огласи тимот на „Медена земја“ – „Не земавме Оскар, но горди сме на се што постигавме!“

Македонскиот тим на „Медена земја“ нема да се врати дома со Оскар. Откако не успеавме да триумфираме ниту во една од двете категории, креаторите...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Почнува судењето за организаторите на „27 април”

    Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, почнува денеска пред Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател...

    Се разбудил со голема „модрица“, а потоа сфатил што направила неговата девојка

    Кога се разбудил насред ноќ, 23-годишниот Сем Филипс од Саутемптон, мислел дека целата нога му е покриена со голема модрица. Набрзо сфатил дека сè...

    Скандал во Данска: Водителка гола излегла на сцена – без ниедно парче облека дошла да ги додели наградите! (ФОТО)

    Данската водителка Иби Стовинг, ги додели наградите на „Zulu Awards“ и одлучила тоа да го направи целосно гола! Имено, без ништо на себе Иби излегла...

    Тешка кражба во „Сити мол“, уапсени странски државјани на лице место

    Две лица, државјанин на Албанија и еден Италијанец, биле уапсени во средата попладнето во скопскиот трговски центар „Сити мол“, поради сомнение за тешка кражба, известуваат...

    Жените раскажуваат: Зошто го изневерив мојот сопруг?

    Ова се 5 вистински животни приказни на жени кои ги изневериле своите мажи:

    1. Барав утеха

    „Од денот кога се омажив за него знаев дека е грешка. Беше пасивно агресивен и сакаше да ме контролира. Очекуваше дека ќе дадам отказ за да останам дома да се грижам за децата и за куќата.

    Брзо по првата година од бракот почнав да го изневерувам со еден од колегите со кои работев. Не се залажував дека се работи за љубов, но имаше ситуација која ми ги отвори очите.

    Бев со некој со кој се чувствував добро, ми даваше поголема самодоверба, ме смееше и ме почитуваше заради тоа која сум и не сакаше да ме претвори во нешто друго.

    Таа афера  ми помогна да се пронајдам себе и да ги откријам своите желби, ми даде сигурност дека можам и сакам да живеам без него.

    Да не се случеше ваквата ситуација прашање би било дали некогаш ќе побарав развод. Сега, 25 години после тоа, омажена сум за прекрасен маж со кој се согласуваме и не се обидуваме да се промениме“. (Елизабета, 50 год.)

    2. Си замеривме

    „Се омажив на 22 години, а по венчавката сè се промени. На почетокот двајцата не можевме да дочекаме да имаме семејство и да добиеме деца, но одеднаш престанав да се чувствувам така.

    Се посветив на работата која ја сакам и децата некако не се вклопуваа во таа слика. Тој беше повреден заради тоа и почна да ми замерува.

    Тогаш почнаа кавгите, а јас почнав да му замерувам затоа што тој ми замерува и постојано само се повредувавме.

    Иако инсистирав на секс со кондом една вечер го забележав како го кине, бидејќи сакаше да останам бремена.

    Тогаш престана нашиот сексуален живот. Подоцна запознав еден маж на интернет со кој се гледав скоро година дена, додека не ме откри сопругот.

    Но, сепак, и покрај сè љубовта меѓу нас не беше исчезната и сакавме да му дадеме втора шанса на бракот. Почнавме да одиме на поединечни и брачни психолошки терапии и успеавме да останеме заедно. Но, она што го научив на крајот беше дека не е целата вина до мене, туку 50 отсто е негова“.(Дијана, 28 год.)

    3. Ми беше досадно и бев несреќна

    На 35 години мојот живот беше како сон – маж кој ме сака и две прекрасни деца. Но, јас бев несреќна. Тој беше добар човек, но ми беше неподносливо досаден.

    Некако се чувствуваше како со сила да сака да се вклопи во сè, а некако не му одеше. Таа година првпат го запознав Австралиецот Боб и некако веднаш почувствува некоја хемија и поврзаност.

    Си размениме броеви и останавме во контакт. Одлучив да отидам до Австралија за да го видам и да расчистам еднаш засекогаш со тоа што се случува.

    Наместо тоа, се заљубив. Оставив сè – децата, мажот, работата и родниот град. Се преселив да живеам со Боб во Австралија.

    Станав посилна, независна и самоуверена жена. Тоа беше пред 25 години, а денес јас и Боб сме во среќен брак, водиме сопствена винарија и неверството се покажа како најубава пресвртница во мојот живот.

    Боб и јас имаме 5 деца и 10 внуци и не ми е досадно. (Теодора, 60 год.)

    4. Мојот маж беше опседнат со работата

    „Јас 10 години водев свој живот независно од мојот маж, бидејќи тој никогаш не беше во близина. Гери беше целосно опседнат со својата работа, а сопруга му требаше само формално.

    Затоа никогаш немаше енергија ниту желба за мене. Јас бев целосно предадена на семејството и давав сè од себе, но во срцето знаев дека не сакам така да живеам цел живот.

    Една вечер го сретнав Том, кој ми беше  само познаник, а по неколку неделни средби, една вечер завршивме заедно.

    По неколку неделно изневерување на сопругот одлучив да ставам крај на нашиот брак и две години подоцна да се венчам со Том.

    Немаше ни еден месец по венчавката кога Том доживеа срцев удар и почина. Тоа што завршив со него беше најдобрата и најлошата работа што ми се има случено во животот.

    Тој ја разбуди жената во мене и ми покажа како заслужувам да бидам сакана, а кога почина ми го одзема сето тоа.

    Сепак ми остана надежта дека можам тоа повторно да го доживеам и дека знам што ми е потребно“.(Соња, 49 год.)

    5. Тој прв ме изневери

    „Бевме скоро една година во брак кога дознав дека ме изневерил. Бев многу лута, повредена и ме убиваше сознанието дека не сум му доволна.

    Се чувствував како да не сум доволно добра, способна и привлечна како жена, па затоа морал сето тоа да го побара на страна.

    Целиот тој хаос на измешани чувства беше пресуден за и јас да се впуштам во афера. Го изневерив, пред сè за да му се осветам, но и за да си ја вратам самодовербата.

    Сакав повторно да се почувствувам привлечно и посакувано. Откако тој ме откри, живеевме одделно неколку месеци, но потоа одлучивме да побараме стручна помош и да го спасиме нашиот брак.

    По 14 години брак кој успеа да преживее, најголема лекција која ја научив е дека сме си доволни еден на друг за да бидеме среќни, но добриот однос бара постојан труд и внимание“.

    Latest Posts

    Почнува судењето за организаторите на „27 април”

    Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, почнува денеска пред Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател...

    Се разбудил со голема „модрица“, а потоа сфатил што направила неговата девојка

    Кога се разбудил насред ноќ, 23-годишниот Сем Филипс од Саутемптон, мислел дека целата нога му е покриена со голема модрица. Набрзо сфатил дека сè...

    Скандал во Данска: Водителка гола излегла на сцена – без ниедно парче облека дошла да ги додели наградите! (ФОТО)

    Данската водителка Иби Стовинг, ги додели наградите на „Zulu Awards“ и одлучила тоа да го направи целосно гола! Имено, без ништо на себе Иби излегла...

    Тешка кражба во „Сити мол“, уапсени странски државјани на лице место

    Две лица, државјанин на Албанија и еден Италијанец, биле уапсени во средата попладнето во скопскиот трговски центар „Сити мол“, поради сомнение за тешка кражба, известуваат...

    АКТУЕЛНО

    Боки 13 и неговата мајка на шопинг во Милано за три дена потрошиле 148.000 евра

    За неколку дена, на шопинг во Милано Италија, односно крајот на февруари 2019 година, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска потрошиле стотина илјади...

    ЕК ја усвои новата Методологија, процесот почнува и завршува со владеење на правото!

    Европската комисија денеска ја усвои новата методологија за проширување која се однесува на земјите од Западен Балкан, со исклучок на Србија и на Црна...

    На државната администрација од годинава ќе ѝ се исплаќа К15

    На вработените во државната администрација од оваа година ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница,...

    (ВИДЕО и ФОТО) Силен ветер во Скопје, паднати дрвја, урнати билборди

    Во Скопје синоќа дуваше силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои...

    Страотна сообраќајка во Скопје: Загина македонската кошаркарска легенда

    Синоќа во страотна сообраќајка во населбата Кисела Вода животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 во...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!