35 годишен пациент како последица од коронавирус почина синоќа по полноќ во Скопје. Нема дополнителни информации дали кај пациентот имало коморбилитети.
Инаку во поседните 24 часа починати се 14 пациенти. Пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3, Неготино-8.
Извор: tv21.tv
Фото илустрација