Оваа прекрасна куќа во Санта Ана, Калифорнија, во моментов се продава. Таа е прекрасна, но една од работите со кои се издвојува е дека до 1989 година му припаѓала на Чак Норис.

cak_noris

Норис ја продал и се преселил за да биде “поблиску до работа” во Холивуд. Според објавата, тој салонот за гости го користел за вежбање на боречки вештини.

Домот е изграден во 1977 година од архитектот Џек Селмјан, кој го создал за себе. Во склоп на куќата има два хектари земјиште со мало езерце.

Откако Норис ја продал куќата, таа неколку пати го менувала сопственикот. За последен пат е продадена во 2006 година за 4.375 млн. долари. Во моментов бараната цена е 3,5 млн. долари.

cak_noris3 cak_noris2 cak_noris1