Доколку сте претерано богати, Дубаи е местото каде што треба да се обратите ако сакате да се чувствувате нормално. Тоа е градот во кој полицајата вози супер автомобили, а владата им забранува на сиромашните луѓе возење за да не прават метеж на патот.

Ако тоа не е премногу чудно, тогаш, информацијата дека најскапиот Р.В модел во светот, неодамна беше продаден во Дубаи е реалност. Над 12 метри долгиот EleMMent Палацо од австриската компанија Marchi Mobile го промени својот сопственик за околу 3 милиони долари, според BoldRide.

Од внатре, ова екстравагантно рекреативно возило содржи повеќе од она што окото може да види. Тоа доаѓа со тераса на покривот која се отвара на копче, дневна со коктели, 40 инчен тв, камин, голема спална соба, и подно греење. Големата спална соба која е со сопствена бања и пилотската кабина се, всушност, на второто од двете нивоа.

И покрај големата тежина, EleMMent Палацо, наводно, може да достигне максимална брзина од 150 километри на час.  Не сме запознаени каков мотор овозможува да се постигне таа брзина. Можеби овој РВ е придвижуван од надежите и соништата на работничката класа.

Инаку од ова возило постои и позлатена верзија која е уште поскапа.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од ова „чудо“ на тркала:

rv_8 rv_2 rv_3 rv_4 rv_5 rv_6 rv_7

rv_1

rv_10 rv_11 rv_12